Forever Garcinia Plus - Андреевски-алоевера

Forever Garcinia Plus

Додаток во исхраната со гарцинија камбоџија

ОПИС И СВОЈСТВА

Forever Garcinia Plus е нов револуционерен додаток во исхраната, којшто содржи мноштво елементи кои му помагаат на организмот да се ослободи од вишокот килограми.

Основната состојка е природна материја извадена од плодот на јужноазиското дрво Гарцинија Камбоџија познато и како Малабар Тамаринд.

Во исушена форма кората на плодот се користи за синтеза на хидроксил-лимонската киселина (ХЛК).

Како хемиски состав ХЛК мошне е слична на лимонската киселина во портокалите и други цитрусови плодови, плодот на гарцинијата е со големина на портокал, но повеќе личи на тиква.

Низ вековите ова овошје било користено за кулинарски и медицински цели во Јужна Индија и Тајланд.

Специјалистите за растителни соединенија ги откриваат необичните својства на ХЛК кон крајот на 60те години, кога се доаѓа до заклучок дека ова соединение ја намалува синтезата на маснотии од јаглехидрати во организмот.

За време на нормален метаболизам откако ќе се внесе храната јаглехидратните калории што не биле искористени непосредно за произведување на енергија или се складирани во форма на гликоген се претвораат во маснотии во црниот дроб.

ХЛК дејствува кога го инхибира ензимот кој ги претвора тие калории во маснотии.

Како резултат на тоа телото ги троши постоечките масни резерви и на тој начин помага во намалувањето на вишокот килограми.

Освен тоа ХЛК го намалува апетитот по природен пат.

Откако ќе се создаде доволно гликоген и складира во црниот дроб, мозокот добива информација дека е внесено доволно храна.

Тоа дејство се нарекува рефлекс на ситост и ја намалува желбата за храна.

Друга битна состојка е хром пиколинат.

За жал хромот не се среќава често во современите диети.

Шеќерите и физичкото оптоварување исто така го тераат организмот да ги троши вишокот калории.

Forever Garcinia Plus

Три капсули Forever Garcinia Plus содржат 300 мкг хром и го надополуваат неговиот чест недостаток.

Хромот помага во разградувањето на шеќерот така што организмот може да го користи и помага во одржувањето на нормален крвен притисок.

Неговиот недостиг може да доведе до покачување на шеќерот во крвта и холестеролот.

Недостатокот од хром создава чувство на умор и таложење на маснотии и доколку го има во доволни количини го спречува развојот на срцеви заболувања и диабетис.

Последните две состојки се средноверижни триглицериди (СВТ) и шафраново масло.

Тие се нарекуваат “здрави маснотии” или “ безмасни маснотии” и го штитат срцето и ја одржуваат еластичноста на крвните садови.

Докажана е и нивната важна улога во одржување на здравата состојба на целосниот кардиоваскуларен систем.

Овие две состојки ја забрзуваат размената на материите, така што брзо ги претвораат маснотиите во енергија.

Forever Garcinia Plus претставува еден прекрасен додаток во исхраната на сите атлетичари и љубители на спортот.

Здрава кожа, коса и нокти се другите придобивки од конзумирањето на тие маснотии.

Како заклучок, Forever Gacinia Plus е создаден за да ја намали брзината на претворање на хранливи јаглехидратни калории во маснотии, да го намали производството на холестерол и масни киселини и да го намали апетитот со што по природен пат ве ограничува да го намалите количеството на храна.

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА GARCINIA PLUS

Дали е потребно дебелите луѓе да конзумираат повеќе од препорачаната количина?

Тежината не е толку важна, колку што е важна брзината на размената на материите.

Кај некои луѓе природната размена на материи е побрза.

Garcinia може да помогне како кај оние кои имаат брз метаболизам, така и кај тие со побавен метаболизам.

Дали е погодно Garcinia да биде конзумирана од бремени жени и мајки доилки?

Во суштина, не. Гарциниата e безопасна, но бремените жени и мајките доилки не би требало воопшто да размислуваат за диета, туку е потребно здраво да се хранат и во соодветни количини.

Дали е добра Garcinia да ја конзумираат деца?

Се појавува истото прашање, зошто едно здраво дете да се изложува на диета? Ако детето има проблеми со телесната тежина, тоа треба да се испита и да се разјасни пред таа да стане трајна.

Има ли други случаи, кај кои што треба да се избегнува употребата на Garcinia Plus?

Пред да започнете со негова употреба потребно е вашиот лекар да го провери крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта, срцето, црниот дроб и бубрезите.

Ако внесувањето на калории во моментот е ниско (на пример под 800 калории на ден), потребно е да се обратите кај лекар.

СОСТАВ:

Екстракт од Gacinia Cambogia (кората на плодот во форма на прав), шафраново масло, желатин, глицерин, средноверижни триглицериди, дестилирана вода, пчелен восок, лецитин, екстракт од рогач, титаниум диоксид, хром пиколинат.

Секоја гел капсула содржи 500 мг екстракт од Гарцинија Камбоџија (со што се обезбедуваат 250 мг ХЛК) и 100 мкг хром пиколинат.

ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ:

По една таблета околу 30 минути пред оброк три пати на ден.

Ефективна доза на ХЛК започнува од 500 мг. Ако Forever Garcinia Plus се конзумира три пати на ден, ХЛК станува неколку пати поефикасна.

Ви препорачуваме да пиете најмалку 2 л вода на ден (осум до десет чаши по 250 мл) и се препорачува да се пијат меѓу оброци, а не за време на оброк).

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

  • Корисно средство за контрола на телесната тежина.
  • Ги одржува здрави косата, ноктите и кожата.
  • Помага да го намалите нивото на холестерол.

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.

 

Напишете одговор

Нема да ја објавиме вашата email адреса.