ПСОРИЈАЗА - Андреевски-алоевера

ПСОРИЈАЗА

Како Алое Вера им помага на луѓето со псоријаза?

ШТО Е ПСОРИЈАЗА?

Псоријаза претставува хронично, незаразно, мултисистемско (зафаќа повеќе органски системи), воспалително нарушување.

Најчесто за псоријазата велат дека е „состојба на кожата“, но всушност претставува нарушување коешто настанува под кожата.

Псоријазата е хронично (долготрајно) нарушување на имунолошкиот систем кое може да варира од умерена до тешка форма.

Како повеќето хронични нарушувања така и псоријазата може да се поврзе со други здравствени состојби како псоријатичен артритис, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања.

Добрата работа којашто треба да ја знаете е дека постојат третмани и стратегии кои го олеснуваат живеењето со ова наушување.

Фактори кои можат да придонесат за појавата на ова заболување се:

  • Физички фактори – повреди, зрачење и др.
  • Медикаментозни – тетрациклини, литиумски препарати, антималарици и др.
  • Инфекции – најчесто вирусни
  • Стресни ситуации

Симптоми:

Псоријазата не е заразна болест, но знае да биде упорна и долготрајна.

Симптомите за појава на псоријаза се периодични и особено се изразени под влијание на одредени фактори, како што се ладното време, некои лекови, стрес, пушење цигари и алкохол.

Овие осипи кои се појавуваат на кожата чешаат, и знаат да бидат болни.

Може да се појават во разни облици и големини – од мали и ситни дамки, до големи кои знаат да прекријат голема површина на кожата.

Најчесто избиваат на зглобовите, колената и лактовите.

Многу ретко, псоријазата знае да се појави под пазуви, на градите, на половите органи или околу аналниот отвор.

Околу 7 % од луѓето кои боледуваат од псоријаза патат и од отекување на зглобовите.

Оваа состојба се нарекува псоријатичен артритис.

Исхрана која помага во намалување на симптомите на псоријаза

Како што е кажано, псоријазата е воспалителна болест, исто како и срцевата болест.

Затоа, со намалување на воспалителниот процес во организмот, со кое ќе се одржи здравјето на срцето, ќе се намалат и симптомите на псоријазата.

Еве неколку совети за исхрана поврзани со подобрување на симптомите на псоријазата:

Јадете риба барем два пати неделно.

Рибите како туна, харинга, лосос, скуша или пастрмка содржат висок уддел на омега – 3 масни киселини, кои помагаат во намалување на ризикот од развој на кардиоваскуларни болести

Од месо одберете немасно месо и живина без кожа.

Подготвувајте го месото без користење на заситени и транс масти (растителни масла, маргарини и сл.)

Варењето е најдобриот начин за подготовка на месото.

Во изборот на млечни производи, бирајте ги оние со намален уддел на масти.

Лимитирајте ги или, уште подобро, целосно исфрлете ги намирниците кои содржат хидрогенизирани растителни масла, бидејќи тие содржат и транс масти.

Внесувајте во организмот максимално 1500 мг. сол.

При бирање на намирниците гледајте ги декларациите и земајте го во обзир удделот на сол.

Алкохол

Ограничете го внесувањето на алкохол.

Ако имате силна псоријаза, обидете се целосно да го исфрлите алкохолот, а ако не сте подготвени за целосно одрекување, ограничете се на еден пијалок на ден.

Размислувајте за големината на оброкот, јадете почести, но мали оброци.

Исто така, обидете се да ја исфрлите сета преработена и брза храна.

Храна без глутен и псоријаза

Иако нема е докажана директната врска помеѓу храната богата со глутен и засилувањето на симптомите на псоријаза, студиите покажуваат дека дури 25% од луѓето кои имаат дијагностицирано псоријаза се и интолерантни на глутен.

Псоријаза – приридно лекување

Псоријазата е болест која неможе во потполност да се излечи, но затоа може да се користат некои третмани кои ќе ги ублажат симптомите, односно ќе ја омекнат здебелената кожа, и ќе го тргнат црвенилото и воспалението на кожата.

Од искуство ви препорачуваме Forever arctic sea – Omega 3 масни киселини кои се познати по добро делување на кардиоваскуларниот систем и се смета дека есенцијалните киселини од рибино масло може да бидат помош за псоријазата.

Aloe Vera Gel делува стимулирачки на имунолошкиот систем.

За локална употреба ви го препорачуваме Aloe First  кој треба повеќе пати дневно да се нанесува на местата каде е застапена псоријаза.

Aloe Propolis Crème се нанесува неколку минути по напрскување со Aloe First.

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.

 

Напишете одговор

Нема да ја објавиме вашата email адреса.