Напитоци кои го хидрираат вашето тело - алое вера

Напитоци кои го хидрираат вашето тело

НАПИТОЦИ КОИ ХИДРИРААТ ПОВЕЌЕ ОД ВОДАТА

Бидејќи водата не содржи калории, така што при нејзино конзумирање немате грижа – накачување килограми, а воедно само треба да ја наполните од чешма – лесно и едноставно.

Живееме во време кое ни дозволува да ја комбинираме обичната вода со продукти кои ќе ни дадат чуство на поголема свежина, а воедно ќе не хидрираат на многу поефикасен начин отколку обичната вода од чешма.

Спортските напитоци и останатите “хидрирачки” напитоци немаат добра репутација помеѓу луѓето, а секако тоа е и со добра причина.

Спортските напитоци се полни со шеќер, иако доколку сакате да водите здрав живот сигурно не сакате вашите “здрави” напитоци да содржат шеќер во себе.

Поминувајќи ден на отворено, на овие високи температури сите сакаме голтка која ќе не освежи, а притоа да не е полна со шеќер.

Добро познат е стариот трик со додавање на лимон во водата која ја пиеме, која може да се каже дека е со веќе досаден вкус.

Иако додавањето на лимон во водата е одличен трик, следуваат напитоци кои содржат повеќе минерали и антиоксиданти од само исцеденио лимон.

Иако секојдневно не добивате бенефит од пиењето на обична вода, од пробиотици до витамини и минерали, со вклучување на овие 10 напитоци ќе ги задоволите дневните витамински потреби а воедно ќе бидете здрави и хидрирани.

1. ВОДА СО АЛОЕ

Алое вера е билка која од дамнина е позната како еликсир на долговечноста.

Поради својата хранлива вредност и исклучителните лековити својства, ја нарекуваат „Кралица на лековитите билки“.

Низ светот оваа билка е попозната како Aloe vera Barbadensis Miller.

Името го добила по ботаничарот Милер, кој ја открил на островот Барбадос, и ја сместил во регистарот на лековити билки.

Зборот алое потекнува од арапскиот, сирискиот и хебрејскиот најзив „алоех“, што значи „исклучително горчлива материја“, што укажува на горчливата жолта течност, односно сок кој го содржи билката, а се наоѓа непосредно под тенкото кожесто ткиво, односно кора.

Алое вера водата претставува филтрирана верзија на алое сокот.

Оваа вода исто така е одлична за детоксикација на телото, а воедно ги стимулира клетките на раст репарирајќи ги повредите на телото.

Научниците докажале дека гелот од алое вера содржи повеќе од 240 хранливи и лековити состојки, од кои витамини А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Ц, Е и фолна киселина.

Од минералите, богата е со повеќе од 20: гелот содржи магнезиум, манган, цинк, бакар, хром, калциум, калиум и железо.

Алое вера

Алое вера е многу моќно средство при борбата со многу болести и медицински состојби.

Меѓу нив спаѓаат: подобрување на работата на бубрезите и жолчката, регулација на шеќерната болест, зачувување на здравјето на срцето и крвните садови, олеснување на болката при болести на имунолошкиот систем и негово зајакнување, ублажување на симптомите кај алергиите, намалување на воспаленијата на респираторниот систем, намалување на болката во зглобовите, ревмата, остеоартритисот и остеопорозата, ги лекува болестите на очите во форма на капки за очи, ја негува кожата и успешно се бори против кожните болести.

Пробајте го нашиот Алое вера Гел секое утро со чаша вода и почуствувајте ги бенефитите на ова лековито растение кое ќе ве освежи, хидрира и ќе го надополни вашето тело со минерали и витамини.

2.СОК ОД ЦВЕКЛО

Ништо не може да го победи сокот од цвекло!

Овој зеленчук иако многумина го избегнуваат заради неговиот сладок вкус, тој е неверојатно корисен.

Причините заради кои треба да го конзумирате цвеклото се многубројни.

Сокот од цвекло содржи пигмент беталаин кој има антиоксидантни и антивоспалителни  својства.

Благодарение на оваа состојка, сокот од  цвекло го спречува оштетувањето на клетките и ги елиминира слободните радикали во организмот.

Една чаша сок од цвекло на ден  го намалува крвниот притисок и исто така го зголемува нивото на железото во крвта.

Покрај тоа, содржи и антиоксиданти кои помагаат  во одржување на хемоглобинот на нормално ниво.

Исто така железото кое го содржи цвеклото ја подобрува циркулацијата.

Конзумирајќи сок од цвекло, вашето тело ја добива најчистата енергија која може да ја најдете од целокупното овошје и зеленчук кое ни е достапно, но единствено треба да внимавате на внесената количина на овој напиток бидејќи тој содржи високо количество на шеќер.

Калиумот, витаминот Б, каротеноидите, магнезиумот и железото се содржани во овој зеленчук правејќи го сокот од цвекло повеќе хранлив и повеќе освежувачки отколку обичната вода.

3. ВОДА КОЈА СОДРЖИ ХЛОРОФИЛ

На прв поглед можеби ќе се исплашите од изгледот на оваа вода, бидејќи нејзината боја е зелена.

Базата на овој напиток е вода, на која и се додадени вкусови од овошје (кои се природни) и секако хлорофил (зелен пигмент кој му овозможува на растението да произведува енергија под дејство на сончевите зраци).

Со интересни вкусови како оние на лубеницата и боровинките, тешко е да се поверува дека овој напиток содржи повеќе антиоксидантни својства отколку 4 шолји спанаќ.

Овој тип на вода може да се најде во подобро снабдените маркети, така што доколку сакате да ја вкусите пронајдете ја на полицата каде се наредени различните типови и брендови на вода. 

4. КОКОСОВА ВОДА

Доколку се прашувате: “Дали кокосовата вода е навистина добра за вас?”, одговорот е ДА!

Колку таа е повеќе природна, толку е таа подобра.

Кокосовата вода е всушност сокот кој се наоѓа во внатрешноста на младите, зелени и неоштетени кокоси, а се одвојува од нив откако ќе достигнат 5-7 месечна зрелост.

Таа е една од најпознатите освежителни пијалаци на природата, позната по своите неверојатно хранливи и здравствени својства.

Кокосовата вода е бистра, слатка течност во чиј состав спаѓаат шеќери, витамини, минерали, електролити, ензими, аминокиселини и цитокини.

Водата од кокос е нискокалорична и содржи само 39 калории на 100 ml.

Кокосовата вода е можеби најдобрата замена за обична вода.

Таа содржи глукоза и корисни шеќери кои ги надоместуваат минералите и течностите изгубени за време на физичката активност.

Одлична е за третирање на дехидратација предизвикана од разни причини.

Содржи високо ниво на цитокини и лауринска киселина, две важни хранливи материи кои влијаат на процесот на раст и регулирање на клетките.

Високото ниво на антиоксиданти во комбинација со антитромботичните својства на кокосовата вода го намалуваат стареењето на кожата и ја одржуваат хидрирана и здрава.

Редовното консумирање резултира со здрав и беспрекорен тен.

Таа воедно одбива околу 20% од штетните ултравиолетови зраци и влијае во спречување на ракот на кожата.

Високото ниво на калиум и магнезиум во кокосовата вода им помага на луѓето кои страдаат од крвен притисок и срцеви заболувања.

Кокосова вода

Таа придонесува за подобра циркулацијата на крвта во телото и може да ја спречи појавата на мозочен удар.

Истовремено, го контролира нивото на лошиот холестерол во крвта, а го подобрува добриот, поради незаситените масти во својот состав.

Ја подобрува и циркулацијата на крвта во скалпот, зајакнувајќи ги фоликулите на влакната со што спречува паѓање на косата.

Го потпомага губењето на килограмите и намалувањето на телесната тежина, а особено е делотворна во уништувањето на висцералните масти, оние кои се таложат на стомакот.

Вистинската кокосова вода изобилува со минерали и витамини кои му се потребни на вашиот организам.

А воедно таа содржи ниско количество на сол, балансиран состав кој му помага на вашето тело да биде хидрирано на начин кој не може да се постигне со обичната вода.  

5. ВОДА СО ВКУС НА ОВОШЈЕ

Широка е листата на здрави овошја кои можете да ги додадете во својата вода, а воедно тоа и се препорачува.

Доколку сакате вашата вода да има поинаков вкус, одберете го вашиот омилен од широката палета на производители на вода со вкус на овошје и уживајте во освежителниот напиток кој е многу подобро решение отколку водата.

Повеќето типови на вода која е со вкус на овошје, содржи помалку од 1 грам шеќер (само 5 калории) во една чаша, а воедно таа е богата со антиоксиданти кои се еднакви на половина шолја боровинки или пак цреши.

6. ГУАСА ЧАЈ

Комплетно природна форма на енергија претставува гуасата, која всушност претставува растение кое може да се најде само во дождовната шума во Амазон.

Листовите на ова растение се сушат и користат како чај, бидејќи претставува едно од трите кофеински дрва кои нас ни се познати, а воедно имаат стимулативен ефект.

Популацијата во Еквадор и Колумбија традиционално пие гуаса чај секое утро како напиток наместо традиционалното пиење кафе како останатиот дел од светот.

Гуасата содржи исто количество на кофеин колку и кафето, но воедно таа е богата со антиоксиданти и хлорогена киселина.

Пробајте го овој начин на утринско будење, каде наместо кафе ќе подготвите гуаса чај од кој ќе имате придобивки покрај конзумацијата на кофеинот.

7. ЈАВОРОВА ВОДА

Јаворовиот сируп се карактеризира со темна боја која е знак за богата содржина на минерали (калциум, железо, магнезиум, натриум) и витамини (Б1, Б2, Б6, Ц) кој можете да го користите како здрава замена за шеќер во напивки и разни видови слатки.

Јаворовота вода ги содржи нутритиентите на јаворовиот сируп, а воедна базата е вода, каде добивате хидратација на телото примајќи ги минералите и витамините од јаворовиот сируп.

Оваа вода е со ниска калоричност и воедно таа е многу повкусна од обичната вода, затоа доколку до сега не сте имале шанса да ја вкусите сега е вистинското време за тоа.

8. ЧАЈ ВО ПРАВ

Иако не е многу познато, сепак за оние кои се љубители на чајот веројатно чајот во прав им е познат,бидејќи со овие мешавини на чаеви во прав вие го забрзувате својот метаболизам, а воедно внесувате антиоксиданти и секако го хидрирате телото.

Компаниите кои ги произведуваат овие типови на чаеви обврзани се не да користат вештачки состојки и конзерванси се со цел постигнување на вистинско освежување и внес на антиоксиданти, енергија придружени со свеж вкус на чај. 

9. ВОДА КОЈА СОДРЖИ ПРОБИОТИК

Доколку не сакате да се чуствувате надуено, конзумирајте пробиотици постојано.

Нивниот начин на конзумација не е само во форма на капсула, туку тие едноставно можат да бидат вклучени во водата која ја пиете секојдневно.

Пронајдете го вашиот омилен вкус на вода која содржи пробиотици и одржете го вашиот имун систем здрав, притоа задржувајжи го својот желудник среќен без непотребна надуеност и секако бидете освежени и хидрирани.

10. САСИ ВОДА – ПИЈАЛОК ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ ПРИ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Во летните денови направете си пијалок кој ќе ви помогне за детоксикација на организмот.

Потребни ви се неколку состојки и десетина минути за подготовка на здрав пијалок во вашата кујна.

Состојките кои ви се потребни се следни:

2 литри вода

1 лажица ѓумбир

1 краставица, тенко исечена на тркалца

1 лимон исецкан на парчиња

12 листови нане

Начинот на подготовка е навистина лесен.

Сите состојки ставете ги во еден сад (бокал).

Оставете ги преку цела ноќ.

Утредента обидете се да ја испиете целата исцедена течност постепено во текот на денот.

Едноставно, освежително и здраво!

Нарачајте Алое Вера Гел Forever Living Products од вашата земја

 

UK USAAUSTRALIA
CANADACZECHGREECE
LUXEMBOURGBELGIUMSPAIN
NEW ZEALANDNORTHERN IRELANDNETHERLANDS
IRELANDSLOVAK REPUBLICPORTUGAL

Достава во рок од 2 дена!

Напомена:

Оваа интернет страница е независен деловен соработник на компанијата Forever Living Products.


Сите препорачани производи на оваа страница се составени врз основа на долгогодишни искуства на нашите корисници, и не се замена за препорачана медицинска терапија.


Споменатите додатоци во исхрана на оваа интернет страница не се надоместок или замена на урамнотежена исхрана.

 

Напишете одговор

Нема да ја објавиме вашата email адреса.